Мода

Накитот од тиркиз е секогаш во мода

Стана актуелен пред неколку сезони, но накитот од тиркиз сеуште е актуелен. Се носи во зима и во лето, се комбинира со елегантен и поопуштен стил, со модерен и ретро стил.

Карактеристичната нијанса со боја на море придонесува во секоја комбинација да дојде до израз, го прави атрактивен и доминира над останатиот накит. Освен тоа, тиркизот е симбол на среќа и благосостојба, а старите Грци верувале дака доколку го носите ја повикува љубовта во вашиот живот.

Во тренд е накит со неправилна форма, а во зависност од афинитетите, можете да се определите за прстен, алка или обетки.

Напиши коментар