Prison brake

Nancy Wake: Шпиунката “бело глувче” за која Хитлер нудеше милиони

Nancy го доби овој прекар “белото глувче”, токму поради умешноста да му се сокрие на злогласниот Гестапо, но и на Рускте и Германските власти.

Животот на Nancy е како холивудски филм. А како поинаку би го опишале кога ќе ја замислите убавата, гламурозна и бестрашната жена, облечена во капут од крзно од камила, високи потпетици, и гламур во голема мера, како трча по лозјето како би се сокрила од нацистите кои ја имале на листата на бараните агенти.

Но, Nancy не е повеќе меѓу живите. Таа почина на само 23 дена пред нејзиниот 99 роденден во Лондон. Иако ја живееше деветата декада од животот таа не била обична старица. Секое утро денот го започнувала во барот во соседниот хотел, Стафорд, кој се наоѓал во близина на нејзиниот дом. Таму одела и веднаш нарачувала џин тоник.

Nancy е неверојатна жена, велат нејзините колеги. Таа е најженствената жена, која кога влегува во акција е силна како пет мажи, вели еден од нив. Таа беше жената која со голи раце уби еден од членовите на SS, кој се обиде да го уклучи алармот и да побара помош. Додека бегаше од нацистите со велосипед помина 800 километри, и тоа низ кризните подрачја. Затоа не е ни чудо што таа била на листата за најбараните луѓе на Гестапо.

Nancy била родена во Нов Зеланд како најмлада од шесте деца. Пораснала во Сиднеј, каде како 16 годишна девојка започнала да се води од немирниот дух. Така го напуштила домот и започнала да лута по Њујорк, Лондон, Париз каде работела како дописничка од Европа за Америкаската медиумска компанија Hearst. Nancy богато се омажила во Франција, при што и било овозможено да биде во друштво на богатите кои често се дружеле на забави со кавијар и шампањ. Но, таа не се задоволила со мажењето за богаташ. Била сведок и на растењето на моќта на Адолф Хитлер. Таа го интервјуирала во 1933 година во Виена. Додека Хитлер одговарал на новинарските прашања сигурно не ни помислувал дека токму таа ќе биде негов кошмар за кој ќе нуди и 5 милиони франци само за да и извршат екстрадиција.

Во Франција, која била окупирана од германците Wake станала курирка на отпорот. Нејзината бестрашност и спремност на ризици била општо позната како за сојузниците така и за нацистите, кои постојано ја следеле и и го прислушкувале телефонот.

Имала динамичен и стресен живот, но тоа не ја плашело и не ја спречувало да продолжи да им ги саботира плановите на нацистите и да спасува илјадници животи. Таа еднаш вешто го избегнала и апсењето од Француската полиција. Пуштена била заради двојното државјанство кое го имала, во комбинација со шармот и способноста умешно да лаже. Знаејќи дека на лагата и се кратки нозете, таа веднаш заминала преку Пиринеите во Шпанија, па оттаму преку Гибралтар во Британија, каде станала една од најважните координаторки на British Special Operations и завршила обука за шпиуни.

Во исто време нејзиниот сопруг бил фатен, малтретиран и измачуван до смрт од страна на нацистите. За неговата смрт таа дознала дури по завршувањето на војната, каде таа ја имала големата улога во операцијата The Day D. Ноќта на 29 февруари била пратена во Франција како би водела 7000 –на војска за да ги саботира намерите на нацистите.

Nancy била вистинска дама. Тоа го потврдува и фактот кој излегол од нацистите. На неколку наврати кога тие обиле во нејзиниот стан и автомобил, нашле креми за лице, чаеви и сатенски перници. Таа каде и да престојувала имала вазна со свежо цвеќе.

Wake му била верна со сопругот во текот на целиот брак. Таа имала многу понуди од колегите но, не прифатила ниту една со изговорот: “Ако го направам тоа со еден, ќе поминуваат и планини барајќи да бидат со мене”.

Била активна до последниот ден од животот. На само неколку години пред смртта таа размислувала да се приклучи на политиката во Австралија, но сепак со својот втор сопруг одлучила да остане во Велика Британија.

Животот на Nancy бил инспирација за многумина. Нејзиниот живот е напишан во неколку книги кои имале одлична читаност.

 

Напиши коментар