ШоуБиз

Натали Портман на поштенска марка! А и некои други…

Новопечената мајка Натали Портман моментално е во посета на своите родители кои живеат во Калифорнија. Со себе го понела и својот свршеник Бенџамин Милпиед со кој го имаат заедничкиот син Алеф.

Инаку, лицето на 30-годишната актерка и Оскаровка наскоро ќе ја краси поштенската марка на ПЕТА, најголемата светска организација за заштита на правата на животните. ПЕТА има во план на своите марки ќе ги стави лицата на 20 најпознати вегетаријанци на светот.

–  Се работи за многу влијателни личност и малку луѓе знаат дека тие всушност се вегетаријанци, – изјавила Лиса Ланг, потпретседател на ПЕТА.

Своја маркица ќе добијат и вегетаријанците Пол Макартни, Елен ДеЖенерес и Леона Луис.

Напиши коментар