Убавина

Нега на кожата околу очите

Кожата околу очите е доста тенка и чувствителна, па затоа и е потребна посебна заштита и нега. Со помош на најсовремените третмани и специјализирани препарати, денес не е тешко да се изборите со сивилото и отоците околу очите. За да го зачувате од напнатост и замор вашиот поглед, препуштете се на посебни производи кои ја хранат кожата, ја хидрираат и спречуваат создавање брчки.

Отстранување на шминката

Најважно е кожата околу очите да ја чистите редовно, без разлика на квалитетот на шминката која ја користите и колку често ја нанесувате. Лосионот за отстранување шминка треба да биде благ и да не ја суши кожата. Најдобри се оние без масло – едноставни се за употреба, делуваат брзо и смирувачки. Особено е добро да се користат ако имате очи чувствителни на маснотија или ако носите контактни леќи. Водоотпорната маскара, за време на отстранувањето, речиси на сите им создава проблем. Меѓутоа, ако се определите за некој препарат со мала количина масти и доста витамини, чистењето на шминката нема да биде толку мачно, а така ќе ги избегнете и непријатните иритации.

Нега за секој ден

Пред и после шминката кожата треба да се нахрани и заштити. Ова ќе го постигнете со производи кои содржат билни екстракти со ефект на ладење и релаксација, а освен тоа ја ублажуваат темните подочници и отоци. Со секојдневната нега треба да користите и специјални гелови. Тие ја прават кожата поеластична и позатегната. За ноќна нега определете се за лосиони – балзами кои содржат пчелин восок, јојоба, морков. Овие балсами, исто така, хидрираат и спречуваат појава на брчки.

 

Напиши коментар