ШоуБиз

Нека и ќелав, ама да не му пречи мојата шминка!?

Поранешната Плејбој зајачица Џени МекКартни никако не може да си најде нова љубов во животот, па одлучила да си побара партнер преку интернет. По раскинувањето со спортскиот агент Пол Крепелк, пред два месеци, Џени си направила профил на страната каде се бараат љубовни партнери преку интернет.

–  Веќе ги проверив сите мажи помеѓу 35 и 48 години, – вели Џени, која порано беше во брак со Џим Кери.

Русокосата убавица единствено сака нејзиниот нов дечко да биде вистински маж, и додава дека тоа воопшто не е лесно да се пронајде.

– Тешко е да се најде таков дечко. Јас сум од Чикаго, Јужна Сидеа, а таму мажите јадат компири и месо и немаат појма што е тоа вегетаријанство.  А тука мажите ми судат за шминката. Не ме интересира ако типот има голем нос или е ќелав, сакам само да ме разбира и да биде мој одраз. Мора да има и работа, би сакала барем да е способен да ме однесе на вечера, – изјавила таа.

Напиши коментар