ШоуБиз

Некој на премиерата на “Самрак” се појави без гаќи?!?

Завчера во Лондон, во Вестфилд центарот  е одржана премиерата на последниот филм од серијалот „Самрак“, со наслов „Зазорување“. Освен нам добро познатите Едвард и Бела, на премиерата се појавил и Новак Ѓоковиќ со својата девојка Јелена. Ноле еден ден пред премиерата на филмот ги информирал своите фанови на Твитер дека ќе ја води девојка си на премиерата, бидејќи во Лонодн „сите се луди по вампирите“.

Веднаш по премиерата им препорачал на сите свои обожаватели дека филмот вреди да се погледне и дека е сјаен. Додал и дека најдобро е филмот да се гледа со саканата личност, бидејќи е доста романтичен.

Моделот Лорин Поуп, пак, на премиерата се појавила во креација на Луис Хил, а под фустанот не носела ниту гаќички, ниту градник. Гордо позирала на црвениот тепих, заводливо покажувајќи ја својата витка линија.

–   Стоев на неколку метри од Тејлор и Патинсон, а на Кристен ѝ реков „здраво“. Ова беше најдобрата премиера, – напишала на Твитер веднаш по премиерата.

Write A Comment