Art & Crafts

Неколку начини да ги спречите алергиите

Можеби нема да ви звучи логично но вашата домашна атмосфера често е се полоша за алергија од отворен простор. Вашиот дом, вашиот мебел, перници, килими, затворени прозорци, е поле на алергии. Затоа, исклучително важно е да ги исчистите критичните места каде што би можело да има највеќе бактерии.

Несоодветната навика во исхраната може да предизвика здравствени проблеми или зголемување на симптоми на оние кои веќе се постоечки.Правилната исхрана може да ги ублажи многуте проблеми, вклучувајќи астма и сезонски алергии. Медицинските истражувања постојано покажуваат дека моќните хемикалии наречени антиоксиданси – кои можеме да ги најдеме во водата, зеленчукот, оревите, семките, зелениот чај – помагаат во борбата против воспаление на телото кој е клучен фактор во контролата на алергии. Се разбира, не се прејадувајте со храна кој е богата со антиоксиданси ако не сте алергични.

Ослободете се од вишокот на килограми – Вишокот на килограмите ви го отежнува и дишењето, проблем кој сигурно не го сакате ако страдате од алергии. Повеќе масти околу стомакот, спречува белите дробови целосно да се шират и вашата дијафрагма се спушта, бидејќи се соочувате со тие масти. Со други зборови, не можете потполно да земете длабок воздух.

Напиши коментар