Art & Crafts

Неколку трикови за отстранување на мирисот од цигари!

Само неколку мириси се поомразени од оној на цигарите, особено кај непушачите и кај „поранешните“ пушачи.

Еве неколку трикови како да го отстраните мирисот од цигари, без притоа да го отворате прозорот и да си ја оладите собата. Само… без претерување 🙂

Наместете мали чинии оцет, средство за чистење со мирис на бор или активен јаглен низ собата. Ако во вашиот дом имате мали деца или миленичиња, наместете ги чиниите надвор од дофатот на децата/миленичињата. Затворете ја собата во текот на ноќта.

Испрскајте ја оладената сијалица со  вашиот омилен парфем или колонска вода. Кога ќе ја вклучите сијалицата, од нејзината топлина мирисот ќе испари и ќе ја исполни вашата соба.

Наполнете ги пепелниците со песок за мачки. Така кога ќе ги гаснете цигарите, песокот ќе го апсорбира мирисот.

Наполнете едно шише со распрскувач со раствор од сода бикарбона. Испрскајте ги просториите, килимите, тапацирот. Наредниот ден поминете со правосмукалката.

Потопете крпа во малку оцет, исцедете ја од вишокот и мафтајте со неа низ собата една – две минути.

Напиши коментар