Убавина

Неколку трикови за поцврсти гради на природен начин

Сите знаеме дека од мед или јогурт можеме да направиме хранливи маски за лице! Но дали сте знаеле дека

со домашни производи можете да го негувате деколтето и градите?

Кожата со текот на годините ја губи еластичноста со тоа градите, како и лицето започнуваат да се опуштаат! Меѓутоа, за поцврсти и поубави гради не ви се неопходни услугите на естетскиот хирург.

Решението се наоѓа во вашиот фрижидер! Еве како самите можете да си направите домашни маски за нега и зацврстување на градите!

Маска од јогурт и јајца

Овој рецепт е многу едноставен, со него добивате маска за со која ги опуштати и зацврстувате градите. Сите состојки се природни, воедно не и предизвикуваат штета на кожата и врз здравјето. Маска можете да ја користите колку сакате и кога сакате.

Измешајте 1 лажица јогурт, 1 јајце и 1 лажица масло од витамиот Е. Смесата рамномерно нанесете ја на градите, но можете и да ги измасирате градите со  смесата со цел состојките да навлезат што подлабоко во кожата. Маската оставете ја да одстои 25 минути, потоа измијте ги градите со топла вода.

 

Маска од јаболка

За оваа маска потребни ви се 2 јаболки ( или чист сок од јаболка) и еден литар млеко. Јаболките исецкајте ги на мали парчиња, додадете млеко и гответе ги додека да добиете хомогена смеса.

Кога ќе се олади, маската рамномерно нанесете ја на градите.

Оставете да одстои 15 минути, потоа измијте ги градите најпрво со топла вода, потоа со ладна вода.

Со ова наизменично миење на градите ќе го зајакнете ефектот на зацврстување.

Напиши коментар