Адријана Лима беше остро критикувана од медиумите поради строгата диета што ја држела пред годишната ревија на „Victoria’s Secret“, па прекрасната Бразилка одлучила да им покаже на сите што всушност таа јаде.
А вие мислевте дека таа ништо не јаде и затоа има такво извајано тело? Во голема грешка сте! Адријана за доручек јаде банана сплит. И тоа со многу шлаг, како што може да се забележи на сликата. Блазе си ѝ кога може да јаде благо и да има згодно тело истовремено. Многу жени само сонуваат за таа комбинација.
Сигурно Лима со оваа банана сплит добила доволно калории и енергија за да го помине целиот напоред ден кој ѝ претходел.
Адријана ја ставила оваа слика на Твитер и искоментирала:

– Погледнете го мојот доручек денес! Најдобрата храна на сите времиња!
