ШоуБиз

Нема среќа Линдзи да остане во затвор

Линдзи Лохан почнала да ја отслужува затворската казна од 30 дена, но само после 4 саати во затвор, пуштена е на слобода поради пренатрупаност во установата.

Пред да почне да ја отслужува казната, таа се сликаше за списанието „Плејбој“ со кое склучи скоро милионски договор. Подоцна проструија информации дека морала да ја репризира фотосесијата, бидејќи Хју Хефнер не бил задоволен од првата која беше направена кон крајот на октомври.

–  Сликите се толку очајни, што ни Фотошоп не помага, – биле зборовите на Хефнер, кој за втората фотосесија ангажирал и нов фотограф.

Најновите фотографии треба да бидат објавени во идното издание на списанието „Плејбој“.

Write A Comment