Сузан Бојл се здоби со светска слава во 2009 година и тоа со настапот на „Британија има талент“. Сепак, славата не ѝ помогна во потрагата по вистинска љубов.
– Многу време поминувам сама, а сеуште не наишол некој посебен. Морам да признаам дека добив неколку понуди и некои од нив се доста добри. Дури добив и фотографии чија содржина е сепак премногу за мене, – изјавува Сузан.
Таа додава дека единствена личност која моментално ѝ се допаѓа е пејачот Дони Озмонд, но врската со него е невозможна, бидејќи тој е веќе оженет.
Иако славата не донесе среќа во љубовта за Сузан, неоспорен е фактот дека таа си доби далеку повеќе самодоверба.
– Помалку сум срамежлива и повеќе се дружам. Порано бев далеку посрамежлива, а сега не можат да ме замолчат, – вели пејачката.