← НАЗАД НА БОЗА

Немам среќа со дечковци, ама тоа не значи дека сум лезбејка!

Немам среќа со дечковци, ама тоа не значи дека сум лезбејка!
704 Читања

Неодамна, Кели Кларксон беше принудена да ги демантира гласините дека е лезбејка. Сепак, постои причина зошто пејачката нема маж во својот живот. Таа открива дека секогаш завршува на чудни и лоши состаноци.

–   Секогаш имам катастрофални состаноци. Седам и си размислувам како нема доволно вино на светот кое би ме натерало да уживам. Еден дечко ми рече дека не може да поверува дека е на состанок со мене, – изјавува Кели за едно интервју.

–  Има денови кога мислам дека допрва ќе го сретнам вистинскиот, бидејќи сите имаат некого. Постојат и денови кога сум уверена дека ќе останам сама, дека никогаш нема да запознаам некој посебен, – продолжува таа. „Инаку јас сум од мал град каде сите се женети и имаат деца. Тешко ми е кога луѓето мислат дека сум хомосексуалка, само затоа што не сум мажена и немам деца. Постојано ме прашуваат зошто не сум мажена“ – објаснува Кели за својата сексуална ориентација.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk