Убавина

Ненаспани, а свежи! Со неколку совети и тоа е можно

По неспаната ноќ, без разлика дали сте се вртеле в кревет или сте „заглавиле“ некаде, последиците се видливи на вашето лице. Доколку малку се потрудите, другите не мора да го забележат тоа.

Ќе мора нешто порано да станете од кревет, што не би требало да ви е проблем, бидејќи лежите, а не спиете. Излезете на воздух и трчајте или пешачите 20 минути. Не заборавајте да земете вода, за да не дехидрирате. Иако ви се чини дека по вежбите ќе бидете уште поуморни, сепак се лажете. Енергијата создава енергија.

Пред туширање нанесете богата и хранлива маска за лице. Мирисот ќе ве освежи, а лицето ќе ви изгледа наспано. Туширањето завршете го со нешто поладна вода. Таа ќе ви ја забрза циркулацијата.

Околу очите нанесете гел од камилица, крема против подочници или нешто друго со што ќе ги ублажите.

Не претерувајте со шминка. Доволно е да ставиме малку маскара, руменило и коректор за подочници. Во ниеден случај не ставајте потемен коректор од бојата на вашето лице, бидејќи ќе постигнете спротивен ефект. Што посветол тоа подобро.

На кожата ставете некој природен мирис кој постепено ќе ве олабави и цел ден ќе ве освежува. Мирисите кои содржат лимон, јасмин, темјанушка и слично се идеален избор.

Но, после работа право дома в кревет, бидејќи ова не е замена за спиење.

Напиши коментар