Здраво тело

Необични последици од храната која ја јадеме секојдневно!

Толку различна храна внесуваме во текот на денот, па кога ќе се почувствуваме лошо едноставно не може да дијагностицираме од што ни е. Освен лошото чувство во стомакот и желудникот, понекогаш се појавуваат и други појави како што се: непријатен мирис на телото, непријатен мирис во устата и слично.

Еве ја храната која може да го направи овој неред:

Заради црвеното месо лошо им мирисате на жените! Едно научно истражување докажа дека мажите кои јадат црвено месо, кое е богато со протеини и им се препорачува за зголемување на мускулната маса, предизвикува поинтензивно потење, кое е  со зголемен мирис.

Мастиките без шеќер може да предизвикаат дијареа! Мастиките без шеќер, кои ги препорачуваат стоматолозите содржат состојки кои тешко се задржуваат во цревата па предизвикуваат дијареа.

Грејпфрут е овошје кое може да ви ја загрози терапијата која ја примате! Знаеме дека грејпрфрутот е здраво овошје кое изобилува со витамин Ц, но не знаевме дека може да направи неред во организмот. Доколку консумирате грејпфрут додека сте под терапија голема е веројатноста да не ги имате посакуваните ефекти од лековите.

Сојата го намалува бројот на сперматозоиди! Сојата е навистина здрава, многу нутриционисти ја препорачуваат но, дали знаевте дека таа е виновна за намалениот број на сперматозоиди? Затоа умерено со сојата во исхараната.

Напиши коментар