Убавина

Неодоливи и со очила – 2 дел

Многу жени кои носат очила не посветуваат многу внимание на нивната шминка на очите бидејќи мислат дека очите им се скриени позади рамките, но тоа не е вистина. Всушност, баш напротив, очилата го привлекуваат вниманието кон вашите очи и на еден начин ги урамуваат, така да, пожелно е вашите очи да изгледаат најдобро што можат.

Комбинацијата од наочари и шминка не е наједноставна тема. Очилата можат да направат вашите очи да изгледаат поголеми или помали, зависно од диоптерот – доколку сте кратковиди, наочарите визуелно ќе ги намалат вашите очи, доколку сте далекувиди, очилата визуелно ќе ги зголемат очите.

Кратковиди: Бидејќи поради дијагнозата очилата прават очите да ви изгледаат помали, треба визуелно да ги зголемите. На долната линија на трепките употребете бело моливче, горе можете црно. Кога станува збор за сенка, држете се до светлите и пастелни бои, изборот на темна палета само додатно ќе ги намали очите.

Далекувиди: Кога очилата прават очите ви изгледаат поголеми, имајте на ум дека е полесно да дојде до израз и секоја несовршеност позади стаклото. Неутрални или темни нијанси нека бидат вашиот избор, избегнувајте ги светлите палети бидејќи тие уште толку ќе ви ги зголемат очите. Маскара ставете само на горните трепки.

Кога ја нанесувате основата во шминката, имајте на ум дека очилата фрлајќи сенка, уште толку ги потенцираат темните кругови под очите, па не заборавајте да нанесете коректор и лесна пудра врз него. Критична може да биде областа околу очите и носот, бидејќи таму очилата се лизгаат горе-долу.

Најдобро е кожата да ви биде мат, бидејќи очилата веќе претставуваат извесен “аксесоар” на вашето лице – шминката треба да го комплетира тој изглед, не да го доминира.

Средените дефинирани веѓи се неизоставлив фактор. Тенки рамки за очила изгледаат подобро со повисоки и потенки веѓи, а дебели рамки изгледаат подобро со подебели веѓи.

Што се однесува до усните, шминката треба да изгледа природно. Бидејќи очите ви се веќе акцентирани, одберете светла и неутрална боја на кармин или сјај како не би изгледале нападно.

Напиши коментар