Убавина

Неодоливи и со очила – 1 дел

Очилата со диоптер може да бидат интересен моден детал и ако се адекватно избрани, може да ве направат уште поатрактивни. Сепак, чест проблем на девојките кои носат очила е шминкањето, затоа што колку годе очилата да го привлекуваат вниманието кон очите, шминката често не се забележува, а целото лице изгледа неупадливо. Еве неколку  make up совети кои ќе ви помогнат да заблескате и со очила.

1. Туш за очи

Тушот за очите ќе ги истакне контурите на очите и ќе ги направи поубави и позаводливи дури и зад очилата. Aко не сте премногу вешти во нанесувањето на тушот, одберете го оној во облик на фломастер, а линијата повлекувајте ја по самиот раб на трепката од половината на капакот.
2. Коректор со светликави честици

Очилата често знаат да фрлат сенка на окото, па подочниците изгледаат поголеми и потемни. Овој проблем го решава користењето на коректор кој лесно ја рефлектира светлоста.

3. Уредни веѓи

Девојките кои носат очила не можат да си дозволат запуштени веѓи, па е време пинцетата и моливот за веѓи да станат вашиот најдобар пријател. Нормално, обликот на веѓите прилагодувајте го на обликот на лицето, а не на очилата и внимавајте да не ги искубете премногу зошто претенки веѓи не изгледаат убаво со очила.

4. Бел молив и бела сенка

За да го избегнете уморниот изглед и да постигнете очите да изгледаат поголеми, белиот молив нанесете го на долниот внатрешен раб на трепката, а белата сенка на внатрешноста од капакот (во близина на коренот на носот)

Напиши коментар