Убавина

Неоперативна липосукција

Имате проблеми со тежината и масните наслаги а се плашите од хирушки зафат? Има решение и за вас, новата револуционерна метода неоперативна липосукција.

Долги години хируршкиот зафат на липосукција беше единственото решение за отстранување на масни наслаги и преобликување на телото.

Од неодамна во светот, а и кај нас е промовиран револуционерен третман (USHC – Ultra Shape Cavite) – кавитација, кој ги измени стандардите на полето на естетско моделирање бидејќи за прв пат е тоа возможно по нехируршки пат.

Нехириршката ултразвучна липосукција е новата техника која користи ултразвук кој се испорачува преку кожата до масните клетки, а има за цел да го растопи масното ткиво.

Како дејствува?

Неоперативната липосукција користи ултразвук за отстранување на целулит и предизвикува клеточно оштетување по термички и микромеханички пат, односно афектирана е мембраната на масните клетки која прска, а маснотиите се излеваат во меѓуклеточната течност каде што се разградуваат од ензимите и како едноставни супстанции се елиминираат преку крвната циркулација.

Со сондата се овозможува концентрација на ултразвучната енергија на точно одредена длабочина во ткивото со што се предизвикува селективно разбивање на масните клетки.

Околу процедурата и ефектот

Третманите се апсолутно безболни, а се чувствува благо загревање на третираните површини. Третманот се надополнува со ендодермална вакуум процедура.

Третманот трае околу еден час, а резултатите се видливи и се проценуваат со мерење веднаш по третманот.

Сите клиенти досега искажаа воодушевување од новиот апарат.

Кои регии може да се третираат?

Најчесто се користи за обликување на стомакот, стомачниот појас, колковите, задникот, колената и горниот дел на рацете, како и на други делови по желба.

Кои особи се најпогодни за третман?

Најдобри кандидати се личности кои не се екстремно дебели и кои сè уште имаат затегната кожа, но видливи се масни перничиња на одредени делови од телото.

Пред да се започне со процедурата, со лекарот дерматолог треба да разговарате за Вашите очекувања од третманот и правилно да бидете информирани за ефектот од истиот.

Предности на нехируршката ултразвучна липосукција

Повеќето светски стручњаци, потврдуваат дека нехируршката липосукција е извонредно ефикасна метода, а најголемата предност е што е неинвазивна, брза и едноставна за изведување. Не е потребно време за опоравување, нема ризик, а за пациентот третманот е пријатен.

 

Напиши коментар