Манекенката Макарена Лемос (20) откри неколку детаљи за нјзината врска со моментално еден од најдобрите фудбалери на светот, Лајонел Меси.
Манекенката Макарена тврди дека мајката на Меси ја следела и ја фотографирала во еден трговски центар во Росарио.
– Ме следеше и ме сликаше сè додека не се завртев и не ја прашав што се случува. Во раката држеше мобилен и тава. Тогаш почна да ме навредува. Не ми е јасно што правеше во работничка облека со тава в раце, – изјавила Макарена.
Младата девојка не може да му се начуди на однесувањето на мајката на Лајонел. Додава и дека никогаш досега не открила никакви детаљи за нејзината врска со асот на Барселона.
– Никогаш не сум кажала дали сум спиела со Лео. Тогаш имав 14 години, а тој 18. Ништо не сум открила за нашата врска.Неговата мајка се однесуваше со мене како да сум никој и ништо, – тврди бившата на Меси.
И покрај инцидентот, Макарена тврди дека навистина би сакала да помине една ноќ со фудбалерот.
– За мене тоа е недовршена приказна, – била јасна на крај.