ШоуБиз

Никол и Хамилтон пред раскинување?!?

Луис Хамилтон и Никол Шерзингер имаат неверојатно полни работни распореди и поради тоа никако не успеваат да се видат. Сето тоа донело проблеми во нивната долга врска. Последен пат се видени заедно во август, а инаку општо познато е дека Никол секогаш го следи Луис на неговите трки. На неговите последни трки ја немаше да го бодри 7 години помладиот дечко, бидејќи имала премногу работни обврски во Лос Анџелес.

–   Во последно време распоредите им се ужас и не успеваат да се видат колку што реално би сакале. Сеуште се слушаат преку телефон, но не се гледаат доволно. Во последниов месец им оди многу тешко. Двајцата сакаат да работат, а врската им се распаѓа. Што се однесува до нив, сеуште има надеж работите да се поправат, – изјавил близок извор на парот.

Напиши коментар