ШоуБиз

Никол Кидман со поглед лови младо месо ;)

Објавен е официјалниот постер за најновиот филм во кој главна актерска ѕвезда е Никол Кидман. Филмот се вика „Разнесувач на весници“ или „Paperboy“, а покрај Кидман во него ќе глуми и 24-годишниот сон на милиони тинејџерки, Зак Ефрон.

Според постерот, очигледно двојката одлично функционирала за време на снимањето, иако Никол е постара цели 2 децении од младиот актер. Зак во филмот се вљубува во Никол, додека со својот брат се обидува да открие едно убиство во кое е вмешана лично таа.

Филмот е класифициран како драма и криминален, а во него глумат и Џон Гусак и Метју МекКонеј.

Write A Comment