ШоуБиз

Никол сега пак во врска со Дрејк?

Пред само неколку дена ја раскина врската со Луис Хамилтон, а веќе ја поврзуваат со неколку нови дечковци.

Британската штампа, најпрво ја поврза Никол (33) со згодниот Велшанец Стив Џоунс, кој е водител на шоуто „Х-Фактор“ каде Никол е дел од жирито.

Сега, пак, „Дејли мејл“ пренесува дека Никол е во врска со американскиот рапер Дрејк, кој имаше кратка афера со Ријана.

Никол и Дрејк (25) се видени во еден ресторан во Лос Анџелес, а очевидци тврдат дека изгледале како да се во многу близок однос.

Шерзингер сеуште се нема огласено по повод разните приказни кои се шират за неа.

Напиши коментар