Секси пејачката и неодамнешна девојка на Луис Хамилтон признала пред медиумите дека нејзината совршена телесна фигура е комбинација од добри гени и напорна работа. Никол Шерзингер вели дека и во времето кога била многу млада била опседната со диети и броење калории.
– Патот до совршена линја беше толг и макотрпен. На 14 години почнав да џогирам и да бројам калории. Досега сум била на сите можни диети.
Убавата пејачка моментално се обидува да го заборави Хамилтон и 4-годишната врска, но барем е задоволна со својата фигура.
– Кога бев со „Пусикет Долс“ постојано бев на вагата. Сега ми е преку глава од ваги. Мерка ми е облеката. Моето најново мото е: „Останете активни, јадете сè, но во умерени количини и немојте да бидете престроги кон себе си“.
