Факт е дека Никол Шерзингер моментално поминува низ најтешкиот периот од својот живот. По раскинувањето со Луис Хамилтон, Никол доживеа доста стресови и во шоуто во кое е судија. Доби и неколку заканувачки пораки и сега на крај, била нападната од бандити.
Значи, заканувачите пораки не биле шега. Никол била нападната додека го снимала својот најнов сопт во Мексико. Бандитите биле вооружени со пушки и носеле панцири. Лицата им биле скриени со маски и одненадеж се појавиле пред автомобилот на Никол, во кој таа била заедно со колегата.
За среќа, полицијата брзо интервенирала и на крај сè завршило во најдобар ред. Инаку нападот се случил пред да биде објавен официјалниот спот за песната „Try with Me“, што значи дека инцидентот кој вешто бил криен, се случил пред околу месец и пол.
