ШоуБиз

Нокаутот на Лима:)

Адријана Лима покажа дека знае да биде опасна во рингот за боксување, сосема спротивно на нејзината нежност на модните писти. Боксувањето е голема љубов на Лима и таа многу често го посетува овој спортски бокс центар.

Лима ни покажа всушност, како ја одржува својата линија и како се снаоѓа во рингот. За време на тренингот му зададе неколку добри удари на својот тренер.

Во спортско издание Лима е исто така секси како и во долната облека на „Victoria’s Secret“. Инаку, неодамна таа беше дел и од едно турско шоу каде ги покажа своите танчерски способности. Па, навистина браво за Лима, која постојано не изненадува со своите скриени таленти.

Напиши коментар