Риси Витерспун е вистинска модна жртва, бидејќи поради чантата од кожа на питон завршила со казна од 4.000 долари.
Таа морала да ја плати казната од причина што во Калифорнија е нелегално да се упортебува и носи кожа од овој вид на влекачи.
Актерката најпрво се нашла на удар на друштвата за заштита на животните, кои остро ја критикувале за чантата од питон, за потоа да мора да плати казна поради кршење на законот.
Уште во 1970 година, државата Калифорнија вовела закон со кој е забрането користење на кожата од овој вид на влекач за било каква облека или модни додатоци. Единствена позитивна работа во целава приказна е што Риси нема да има никакви други последници освен паричната казна од 4.000 долари.
