ШоуБиз

Нов Викториин ангел е … Дознајте!

На најпознатото јато „ангели“ ќе им се придружи ново лице. Се работи за Емили Дидонато.

Емили Дидонато е американски модел, а родена е во 1991 година. Води потекло од мешовито семејство. Половина е Иркиња, а половина Италијанка. Пред да биде ангажирана за модната куќа на „Victoria’s Secret“, Емили била заштитно лице на прочуените брендови „Guess“ и „Ralf Loren“.

Првиот каталог за „Victoria’s Secret“ го снимила пред две години, но од менаџментот на модната куќа сметале дека баш сега е доволно зрела за да ја промовира нивната линија долна облека, заедно со постарите и веќе светски познати колешки. Публиката за прв пат ќе може да ја види на грандиозната ревија на „Victoria’s Secret“ на 29-ти Ноември.

Напиши коментар