Дочекајте ја Новата година на Тајм Сквер. Бидете дел од традиционалното спуштање на кристалната топка осветлена со ламбички. Уживајте гледајќи го разнобојниот огномет над „Статуата на слободата“ – повелете во Њујорк. Ваше ќе биде дали ќе се одлучите за концерт на некоја светска ѕвезда или ќе се одлучите да го проследите дочекот во другите делови од светот на големо платно.
Додeка трае прославата, централниот Менхетн е затворен за сообраќај, како и околните ресторани. Секоја година стотици илјади се спуштаат на Тајм Сквер и го доживуваат овој голем а сепак бесплатен настан. Создадете си прилика за и Вие да бидете дел од овој „филмски“ дочек.












