Керозин

Нова, подобрена верзија на Ламборџини Галардо

Ламборџини на саемот на автомобили во Лос Анџелес ја претставува својата нова верзија на моделот Галардо. Верзијата LP550-2 Spyder е автомобил без кров и со погон на задните тркала. Автомобилот е развиен на основа на моделот  Gallardo LP550-2 и од стандардната верзија се разликува по аеродинамичните детали и наслонот.

Срцето на овој модел на Ламборџини е 5,2- литарски V10 агрегат со моќност од 550 КС и вртежен момент од 540 Nm при 6.500 вртежи во минута. Да потсетиме , кратенката LP значи longitudinale posteriori, што значи дека моторот е поставен повеќе према позади.

LP550-2 Спајдерот развива од  0 до 100 km/h за 4,2 секунди, а од 0 до 200 km/h му се потребни 13.4 секунди. Максималната брзина изнесува 319 km/h. За 10КС помоќниот Gallardo LP560-4 Спајдер од 0 до 100 развива за 2 десетинки побрзо, а максималната брзина му изнесува 324 km/h. Конкуретското Ферари 458 Спајдер пак, развива од 0 до 100 за само 3,5 секунди.

Напиши коментар