ШоуБиз

Новак во Италија предизвикал општ хаос:)

Првиот рекет во светот привлекува внимание каде и да се појави. Кога се појавил во казиното во Санремо, цела Италија била информирана за тоа.

Веднаш по тренингот во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ се упатил во овој италијански град на прошетка и на коцкање. На вратата во казиното се појавил со својот брат Марко и биле видно расположени. Сите присутни кои биле дојдени за Европското натпреварување во покер ја занемариле својата голема страст и ги впериле очите во тенисерот.

Новак, како и секогаш, бил многу шармантен и разговарал со сите свои обожаватели. Меѓу другото, им рекол дека е добро запознат со Санремо и дека ја имал честа да игра на еден тениски турнир во 2005 година. Тогаш прошетал многу места, но не влегол во казиното.

Во локалот дошол во 21 часот и таму се задржал неколку часа, по што се вратил во Монте Карло. По неговата посета во Италија настанал хаос, бидејќи сите медиуми и весници ги известиле граѓаните на Италија дека Новак бил во земјата.

Напиши коментар