ШоуБиз

Новата играчка на Бред Пит е тенк?

На актерот толку многу му се допаднал рускиот тенк Т54 од снимањето на филмот „World War Z“ што одлучил да си го купи.

На неговите деца најверојатно ќе им се допадне новата играчка на тато. На Бред Пит ептен му се допаднал тенкот, што не можел да му одолее.

Тенкот треба наскоро да биде донесен на имотот на Бред Пит во Лос Анџелес. Првиот ваков тенк е направен во далечната 1945 година, кратко пред завршетокот на Втората светска војна. Во 1947 година, тенкот започнал да се користи во руската војска.

Премиерата на филмот, во кој Пит се бори против зомби, може да го очекувате следната година кога ќе може да се види и како изгледа новата играчка на актерот.

Write A Comment