Мода

Новата тинејџерска линија на “Bershka”

Со доаѓањето на есента, стигна и новиот каталог на познатиот моден бренд „Bershka“, поточно неговата поевтина под – линија наменета за младата популација. Вибрациите од оваа колекција кои се однесуваат на тинејџерките во најдобро светло ги прикажа младата црвенокоса со нежно сини очи, Клаудија Девлин.

За фотографијата и стилистичките услуги повторно беше ангажирано веќе провереното дуо: фотографот Серги Јасанде и стилистката Ангела Кабезуела, додека пак за третманите за убавина беше задолжена Естер Зарагоса која во прв план ја истакна жар црвената коса на младиот модел.

Погледнете што тие ни понудија…

 

Write A Comment