Родителството е моментот во животот кој многумина ги натерало да ги променат своите навики и рутини од темел. Приоритетите се менуваат, работите кои дотогаш изгледале многу битни за момент стануваат неважни. Новата мајка и новопечениот тато со доаѓањето на бебето доживуваат потполна метармофоза во усвојување нови а исфрлање на старите навики.
Често се раскажува за промените кои ги прават мајките, и често се заборава дека и новиот тато трпи огромни промени во своето однесување и навики. Пред вас се неколку неспорни факти за тоа кои промени ги прават мажите по доаѓањето на бебето.
СПИЕЊЕ
Пред да станат татковци, за да можат нормално да функционираат на мажите им е потребено од 8 до 10 часа квалитетен одмор. Но по доаѓањето на бебето приказната се менува од темел. Имено таткото се задоволува со помалку од 6 часа одмор.
ВРЕМЕ ЗА ОБРОК
Кога мажот станува татко оброците повеќе не му се приоритет. Распоредот на јадење и оброците се организираат во согласност со потребите на детето. Имено таткото јаде откако потребите на бебето ќе бидат исполнети. „Татковците јадат кога ќе стигнат а не кога ќе бидат гладни. Детето е поважно од сопствените потреби“ – истакнуваат стручњаците.
ВРМЕНСКО ПРОЛОНГИРАЊЕ
Додека биле ергени мажите секогаш се оние кои стигале на време сегде каде што имале план да отидат. Но кога ќе станат татковци сакале тие или не таа добра навика ја снемува. Во својот живот вметнуваат нова парола „подобро да стигнам покасно отколку да не отидам“, секако ова треба да биде разбрано од другите.
ПЛАНОВИ ЗА ВИКЕНД
И додека пред да станат татковци, мажите со недели знаат да планираат дружење, гледање спортски натпревари, викенд планови, е сето тоа одеднаш го снемува. Во тие моменти на татковство, поважно е да се отиде до продавница за д се купат потребните намирници за дома отколку да се планира одредена друга активност.
КОНТРОЛА НАД ЖИВОТОТ
Пред детето повеќето мажи обично веруваат дека имаат одредена контрола над својот живот. Но откако ќе станат татковци контролата над животот се сведува на контрола за своето дете. Доколку се преживее ден без скршена играчка или некој предмет во домот, без повреда и плачење, на крајот на денот таткото е свесно – горд дека денот поминал без никаков проблем.
