Art & Crafts

Новогодишен венец за на врата

Сигурно и вие во некоја заборавена фиока од вашиот дом чувате стари цедиња на кои поим немате што има.

Еве една идеја: искористете ги за да направите еден сладок зимски венец кој ќе ги поздравува гостите на вашата влезна врата.

Поставете ги во облик на цвет и залепете ги со цврст селотејп. Притоа за да добиете правилна форма, ставете едно цеде и околу него поставете ги останатите.

Потоа свртете ги цедињата од предната страна, обојте ги со бела боја и налепете ги со купени или рачно изработени украси и закачете го венецот на влезната врата.

И ова е резултатот.

Секако ова се само основите за да го изработите овој зимски украс. Вие слободно искомплицирајте ги работите и декорирајте по ваш вкус.

Напиши коментар