Мојата кујна

Нутела колачиња

Наместо да сркате од тегла или да мачкате на леб, направете колачиња кои ќе ги грицкате преку целиот ден и ќе ги поделите со пријателите и најблиските.

Потребно е:

300 гр нутела

120 гр шеќер

1 јајце

230 гр брашно

Подготовка: Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Во сад ставете ги јајцето, брашното и шеќерот. Матете со миксер додека да добиете изедначена смеса.

Потоа, ставете ја нутелата и мешајте со миксер додека да биде смесата хомогена.

Од смесата направете топчиња во облик на орев и наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење или силиконски подметнувач.

Топчињата не треба да бидат збиени, затоа што во текот на печењето ќе се подигнат. Секое топче сплескајте го со дното од некоја чаша.

Печете 7 до 8 минути во загреаната рерна. Пред да ги послужите, oставете ги да се оладат сосема.

Напиши коментар