Американскиот претседател Барак Обама е на одмор со своето семејство на Хаваите. Обама таму ужива во опуштено издание каде конечно има шанса да помине повеќе време со своите ќерки Малиa и Саша, како и со сопругата Мишел.
Сепак, расположеното семејство не е потполно само. Нив секогаш ги следи обезбедувањето, кое во секоја прилика дискретно ги држи на око и кое ги проверува сите места кон кои се упатува семејството Обама.
Засега папараците сеуште го немаат уловено Обама како се бања, но внимателно стојат на штрек. Кај и да е и тој ќе посака да проба водени лудории со ќерките на прекрасната плажа пред вилата во која престојуваат.

