Убавина

Облеката може да ве направи повисоки

Не секоја жена може да се пофали со височината. Има илјадници жени низ светот кои што иако имаат убаво тело, не се самоуверени само поради фактот што се ниски. Ако сакате визуелно да ја зголемите висината, облеката може да ви помогне.

Кажете му „не“ на црното.

Црната облека ќе ви помогне да сокриете неколку килограми, но за сметка на тоа визуелно ќе изгледате пониски.

Блузи и кошули со вертикални линии.

Тенките вертикални линии ја издолжуваат вашата фигура.

Преферирајте куси блузи.

Долгите блузи и џемпери не се најдобриот избор за вас, ако се стремите да изгледате повисоки.

Акцентирајте на нозете. 

Дефинирајте го вашиот струк со колан. Тоа ќе ги издолжи вашите нозе, а со тоа ќе изгледате повисоки. Нозете изгледаат подолги, ако носите хулахопки со иста боја како и бојата на здолништето и чевлите.

Носете штикли. 

Штиклата додава неколку сантиметри на вашата висина. Високите штикли не се многу удобни, но тоа е цената која треба да ја платите за да изгледате високи.

Напиши коментар