Здраво тело

Очите – показател на вашето здравје

Ако ги гледате луѓето право во очи можете да дознаете дали се искрени или не. Но, окото може да каже многу и за вашиот холестерол, состојбата со панкреасот, дијабетесот… Дознајте кои 8 болести можете да ги видите со голо око. Очите се единствен прозор за човековото здравје, а офталмологот Andrew Iwach, од Американската асоцијација на офталмолози, вели дека тие се специфични места во човечкиот организам, каде што може да видиме вени, артерии и нерви. Затоа со поглед на окото може да се видат многу интересни податоци за здравјето на нечиј организам.

 

Недостаток на веѓи

Жените ги истанчуваат веѓите поради убавина, но ако тие на поедини места ви недостигаат тоа може да укаже на проблем со тироидната жлезда.

 

Јачменче

Малиот израсток, во внатрешноста или надворешноста на горниот или долниот капак, е грд детаљ, но и знак дека треба да се позанимавате со вашето здравје. Доколку јачменот во окото не поминува за неколку месеци, тој може да индицира карцином на лојната жлезда.

 

Жолтеникави пеги на капаците

Xanthelasma palpebra е медицински израз за оваа појава, која крие проблем со холестеролот. Доколку ги имате, тоа значи дека имате проблеми со зголемен холестерол. Колку и да се мали овие пеги, тие се всушност масни наслаги.

 

Печење на очите пред компјутер

Оваа појава означува дека сте работохолик или дека премногу време поминувате пред мониторот од компјутерот. Ја предизвикува недостатокот на контраст на компјутерот спрема оној на обична хартија. Вашите очи се уморни и тој проблем ќе се влошува со текот на годините.

 

Црвенило

Доколку црвенилото е пропратено со кивање, течење на носот, кашлање, тогаш најверојатно е во прашање некоја алергија. Можеби да се работи само за алергија на козметички препарати, но секако дека треба оваа појава да се провери.

 

Жолтеникави белки

Кај бебињата оваа појава е нормална како последица на жолтица. Но кај возрасните укажува на пореметување во работата на црниот дроб, жолчната кеса, а исто така може да укажува на хепатит или цироза.

 

Изразени очи

Доколку ви изгледа дека очите ви “стрчат”, тогаш имате проблем со работата на тироидната жлезда. Овој симптом е познат.

 

Суви очи осетливи на светлина

Доколку очите ја немаат потребната природна влажност, тоа значи дека имунолошкиот систем ви е ослабен. Овој синдром најчесто ги погодува жените над 40. години кои боледуваат од автоимуни болести, како што се лупус или ревматоиден артритис.

 

 

 

Напиши коментар