Ким Кардашијан го прославила својот 31-ви роденден на интимна вечера со сестрата Кортни, сопругот Крис Хемфри и неколку најблиски пријатели.Старлетата резервирала маса во еден од најпопуларните ресторани во Њујорк, а недалеку од нивната маса седела пејачката Пинк, која во еден момент ја испеала песната „Killing ME Softly with His Song“. Со неа свирел бендот кој традиционално настапува во тој ресторан, а во еден момент фронтменот на групата ѝ се обратил на Ким.
– Многу ни е мило што вечерва ја споделуваме со Ким, – рекол и му порачал на Крис: „Прегрни ја. Кажи ѝ дека ја сакаш“.
Крис го послушал и ја прегрнал, а после тоа Ким се качила на сцената, го зела микрофонот и извикала:
– Го сакам!
Потоа парот се бакнал пред сите присутни во ресторанот, а очигледно сакале да ги демантираат сите гласини за нивниот наводен развод и несогласувања. Ким си добила и торта, а цел ресторан ѝ пеел „Среќен роденден“.По интимната вечера, Ким планира да ја продолжи прославата во Лас Вегас и таму да направи голема забава.