ШоуБиз

Од пораѓај на Твитер! Кој е поважен за Тори?

Тори Спелинг (38) на Твитер објави фотографија од стапалата на тукушто родената ќерка Хети Маргарет. Под сликата напишала дека цело семејство е пресреќно поради бебето, чиј пол не се знаеше сè до самото породување.

Само неколку часа по породувањето на ќерката на починатиот режисер Арон Спелинг, таа обајви слики од стапалата на новодојдената на свет ќеркичка.

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ е во брак со актерот Дин МекДермот (44) и досега имаат две деца, синот Лиам (4) и ќерката Стела (3). Дин од првиот брак го има и 13-годишниот син Џек.

–        Не ни е важно дали ќе биде момче или девојче, најважно е да биде здраво и живо. Не сакаме да го дознаеме полот на бебето до породувањето, сакаме да си приредиме мало изненадување, – изјавија Тори и Дин во почетокот на оваа година.

Напиши коментар