ШоуБиз

Од што највеќе се плаши Џенифер Лопез?

Овие денови,  Џенифер Лопез постојано ги полни медиумите со вести од својот живот, како добри, така и непријатни. На мета е нејзиниот помлад дечко, нејзината облека, спотовите и што ли уште не. Сепак, Џеј Ло неодамна признала дека еднаш, поради ќерката преживела вистинска драма…

–          Се сеќавам дека еднаш, додека Ема беше бебе, напипав грутка на нејзината глава. Го погледнав Марк и му реков дека мора веднаш да повикаме лекар. Бевме навистина престрашени. Почнав да паничам од страв да не паднала додека ние не сме биле во близина. Се сеќавам и дека си помислив оти ќе умрам ако било што ѝ се случи на мојата Ема, – изјавила Лопез.

–          За среќа, сè беше во ред по рутинските прегледи.

Овој настан бил само поттик плус за Лопез да ја основа фондацијата „Марибел“ во спомен на сестрата на Марк која починала кога имала само 8 години од рак на мозокот.

Write A Comment