Неодамна, во едно интервју, Скарлет Јохaнсон откри дека панично се плаши од птици.
Актерката самошто го сними филмот „Си купивме зоолошка градина“, во кој за потребите на улогата морала да се дружи со голем број на животни.
– Сцените со животните не беа проблем, бидејќи ги сакам. Но, да требаше да снимам со птици, е тогаш, би се престрашила. Од секогаш сум се плашела од птици. Можно е оваа фобија да ја имам наследено од вујко ми, бидејќи и тој се плаши од птици, – изјавила Скарлет за „NY Mag“.
Скарлет додава дека не и било сеедно кога за време на снимањето, неколку пати се сретнала со пауни, но сепак, извлекла „жива глава“. А, замислете што ќе ѝ се случеше да требаше да снима за филмот на Хичкок „Птици“?!
Премиерата за овој филм на Јохансон ќе биде на 23-ти Демември.
