Додека поголемиот број на девојките купуваат модели од H&M, првенствено заради пристапните цени, оние кои се спремни да одвојат малку повеќе од својот буџет за облека се почесто купуваат од Pull & Bear. Овој познат бренд овие денови излезе со своја нова колекција на одлични парчиња облека кои сигурно ќе ви се допаднат. Богатото шарено плетиво на сите ќе им “влезе под кожа„. Парчињата облека се идеални за повеќето од девојките, бидејќи се доста лежерни, удобни и можат генијално да се вклопат во повеќе модни стилови.
За дозата гламур се погрижија металик маиците и здолништата под колена, кои се совршени за вечерни излагања и свечености.
Пред вас е новиот lookbook на модната куќа Pull&Bear.
Сигурни сме дека ќе си најдете идеално парче облека за вас!!!








