Sweet Home

Одржување на мебелот од кожа

Кожниот мебел лесен e за одржување, доволно е да се придржувате на едноставните упатства и вашата гарнитура ќе засjae со целосен сјај. Гарнитурата редовно се чисти со сува крпа. Едно од основните правила за да ја одржите вашата кожна гарнитура е да ја држите чиста. Тоа значи еднаш неделно да се избрише со сува крпа и ќошевите да се поминат со правосмукалка.

Не користете многу вода, средства за чистење, сапуни и амонијак. Најчеста грешка на луѓето  е претераната количина на вода и сапун за чистење на кожниот мебел. Ова никако не смеете да се користи бидејќи ја уништува површината и го забрзува процесот на пукање на кожата. Немојте да користите јаки средства за чистење како амонијак, бидејќи амонијакот ја избледува кожата. Ако имате дамка на гарнитурата, при чистење употребувајте што помалку вода и немојте да дозволувате водата да остане на површината. Користете препорачана количина на омекнувач за кожа. Многумина веруваат дека честото користење на омекнувач за кожа ја прави гарнитурата да има постојан сјај. Но, тоа не  е точно. Омекнувачот треба да се нанесува во растојание од  6 до 12 месеци. Нема потреба често да се користи. Многу од комерцијалните омекнувачи се силни и треба да се пронајде нешто соодветно.

Кожата треба да е подалеку од директно сонце или камин. Посебно внимание се посветува на местото на кое најчесто се седи. Тоа место прво ќе ги покаже знаците. Затоа  потребно е да се менуваат местата на кои најчесто се седи или да се користи она место кое добро е наполнето со сунѓер или пердуви. Кога купувате гарнитурата секогаш прашајте за кој вид на кожа станува збор и како да се одржува. Тој ќе е најдобар совет кој можете да го добиете, бидејќи кожата може да биде од различно потекло.

 

Напиши коментар