Мојата кујна

Омилениот сендвич на Елвис Присли

Ова е еден од омилените рецепти на кралот на рокенролот Елвис Присли, превземен од прочуената книга „Дали сте гладни денес“. Можеби ќе ви се причини едноставен за правење, меѓутоа верувајте вкусот е навистина „кралски“. Елвис Присли никогаш не се грижеше за неговата тежина, оттука оригиналниот рецепт содржи многу повеќе путер  и е многу поголем, меѓутоа ние ви го преставуваме во диетална форма.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

1 банана

2 парчиња леб

2 лажици путер од кикирики

2 лажици путер

ПОДГОТОВКА

Излупете ја бананата, а потоа испасирајте ја. Благо пропечете го лебот на тостер, и едно од парчињата намачкајте го со путер од кикирики, а другото парче со испасиранaта банана. Спојте го сендвичот и испржете го на веќе растопен путер.

За да го осетите „кралскиот“ вкус, сендвичот консумирајте го топол.

 

Напиши коментар