Претпоставувам дека многу жени кои ги гледаат овие слики, моментално се топат од милина. Згоден фраер со мокри шорцеви за капење, како си го шета своето синче. Орландо Блум решил да ги почести сите свои обожавателки.
Епа, не е секси само неговата сопруга, манекенката Миранда Кер. И Орландо знае како да плени со својата сексапилност.

Сликан е на Нов Зеланд, каде го снима својот најнов филм „The Hobbit“, а во посета му дошол неговиот син Флин. Само што излегол од водата, така мокар, Орландо го избакнувал своето синче и го прошетал наоколу.

Видете и не отворајте усти многу широко 🙂


