Генијалниот моден креатор прикажа уште една успешна есенска пред – колекција.
Стариот лисец на американската мода, кој со своето дизајнерско творење го соединува јужниот темперамент со крајно елегантниот и промислен северен поглед на модата, повторно ги изненади сите со својата пред – колекција со дури 59 модели! Ова вистинска – полнокрвна есенска колекција ќе ја претстави за некој месец, а сега засега направи убава најава не штедејќи детали за самата колекција.
Токму како добро вино и вкусни колачиња, неговите креации се толку примамливи што ниту една жена ќе може да им одолее. Луксузните деловни костуми, капути кои се носат со години украсени со богати детали и вечерни фустани од кои го застанува здивот – Oscar de la Renta успеа да создаде волшебна атмосфера која совршено се вклопи со овие свечени денови кои ни претстојат…

















