Sweet Home

Остров во кујната

Иако  ваквото уредување на кујните бара поголем простор, сепак нуди многубројни предности . Секако доколку располагате со мал простор, компактна кујна е сепак подобар избор. Но овој пат не се ограничуваме на просторот, туку само ќе ви предложиме неколку убави идеи за уредување на кујната.

„Островите во кујната“ се добар пристап кога сакате шпоретот да ви биде достапен од сите страни на просторот. Исто така се прекрасни кога двајца, па дури тројца истовремено готват во нив.

Внимателно одберете го вашиот дизајн кој ќе го промени целосниот изглед на вашата кујна.

Напиши коментар