Дестинации

Откриена најдобро чуваната Италијанска „тајна“

Сместена на југот на Италија, Матера- градот покраина, во регионот Базиликата е огромна скапоценост на љубителите на помалку познатите,а сепак драматични пејзажи.

Покрај тоа што заслужува внимание со оглед на бројните знаменитости и уникатни предели, туристите од целиот свет знаат да направат огромна грешка, обиколувајќи ја цела Италија, притоа прескокнувајќи ја оваа древна кралица. Всушност, ова место се проби меѓу листата на атракции поради античкиот град Sassi di Matera , што во превод значи „камењата на Матера“. Градот лежи од двете страни на малиот кањон на реката Гравина. Комплексот го сочинуваат повеќе населби : Sasso Barisani, населбата со римски амфитеатар,  Civita , познат по фасцинантната катедрала и Murgia Matera, местото со голем број цркви.

Под камењата се наоѓаат остатоци од древни градби, фарми, цркви, палати и куќи кои пред 50 год биле населени. Интересно е и што улиците во некои делови на Sassi   се наоѓаат на крововите на соседните куќи. Од 1993 година ова место може да се пофали со заштитата од УНЕСКО, а Вие испитувајте, истражувајте и анализирајте, но немојте секому да се фалите дека ја откривте големата Италијанска тајна …

 

Write A Comment