Prison brake

Ова е најголемата финансиска измама со осуда од 150 години затвор

Најголемите светски финансиски измами – шестти дел

1. Бернард Медоф & Чарлс Понзи

Американецот Бернард Медоф, најголемиот светски финансиски измамник кој ги има измамено своите клиенти за вкупно 65 милијарди долари, беше осуден на 150 години затвор. Но, неговата финансиска измама не е единствена, тој има ширум светот свои претходници.

Бернард Медоф

 

Чарлс Понзи (1882-1949) претставува еден од најголемите мајстори за развивање на системот на финансиска пирамида. Името Понзи во англиското говорно подрачје е толку добро познато што системот на пирамиди се нарекува “Понзиев трик“.

Овој измамник на своите потенцијални инвеститори им ветуваше дека во меѓународната трговија со хартии од вредност може да реализираат профит од 400 проценти. Оние кои беа подготвени да му ги доверат своите пари им вети дека во рок од 90 дена нивниот капитал ќе биде двојно поголем. Тој успеа од 40.000 клиенти да добие речиси 10 милиони долари, од кои 4,3 милиони никогаш не беа вратени.

Write A Comment